Search

Средба Османи – Донфрид

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес на маргините на Министерскиот состанок на НАТО, во Рига оствари билатерална средба со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

 

На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји,  соработката во НАТО, eвро-атланските перспективи на Република Северна Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

 

„САД е наш долгогодишен стратешки сојузник и партнер. Како сојузници во НАТО, фокусирани сме да ги зајакнеме односите во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме можностите за деловните активности на двете земји” – истакна министерот Османи.

 

Министерот Османи, нагласувајќи ја важната улога на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава и регион, се заблагодари за континуираната, цврста поддршка од САД на остварување на евро-атланските аспирации на Република Северна Македонија.

 

Соговорниците заемно ги оценија билатералните односи меѓу двете земји како исклучително блиски, засновани на стратешко партнерство и соработка, и се договорија во претстојниот период посветено да работат за натамошно унапредување на дијалогот и соработката во сферите од заемен интерес.

Треба да знаете
Последни објави