Search

Средба на Џафери со бугарскиот премиер Борисов

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска во рамки на посетата на Софија по повод ратификацијата на Протоколот за НАТО во бугарскиот Парламент, се сретна со премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

На средбата, двајцата ја поздравиле одличната соработка меѓу Софија и Скопје во изминатите години, како и напорите на Бугарија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Бугарскиот премиер Борисов, истакнал дека Бугарија е доследна во својата поддршка за Република Северна Македонија, како во 2017 година со потпишување на Договорот за добрососедство и за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година, така и денеска кога бугарскиот Парламент го ратификува Протоколот за НАТО.

Борисов, исто така, го посочил и значењето на проектите од инфраструктурата, транспортната и дигитална поврзаност, нагласувајќи дека земјите од регионот треба да работата активно за зголемување на бруто домашниот приозвод.

– Колку повеќе сме регионално поврзани, толку се поголеми перспективите за инвестиции, за мир и за просперитет, изјави Борисов.

Треба да знаете
Последни објави