Search

Средба на претставници на граничните полиции на Албанија, С. Македонија и Црна Гора

Претставници на граничните полиции на Албанија, Македонија и Црна Гора денеска во албанскиот град Корча одржаа трипартитна прекугранична средба организирана од мисијата на ОБСЕ во Албанија.

Како што објави мисијата на ОБСЕ на официјалната интернет страница посебно внимание било посветено на илегалната миграција,како и начинот на справувања со пандемијата во трите земји.

-Беше констатирано дека за време на карантинот поради пандемијата со Ковид-19 минимален бил бројот на мигрантите, но оти значително се зголемил во последните два месеца. И покрај тешките услови создадени од пандемијата, заедничките патроли меѓу Албанија и Црна Гора се обновени а беше договорено тоа да се стори со Северна Македонија,стои во објавата.

Било ветено дека ОБСЕ ќе продолжи да ги подржува граничните полиции во борбата против прекуграничниот криминал и во ефикасното управување со кризи.

Како што претходно соопшти албанската полиција на територијата на Албанија од почетокот на годинава откриени се над околу 9.000 илегални мигранти главно државјани на Сирија,потоа Авганистан и Мароко.

Мигрантите влегуваат легално преку грчко-албанската граница а сега главно се транспортираат до албанско – косовската граница. Шверцерите на мигранти ја зголемиле и цената за транспорт,од 100 на 500 евра по лице.

Треба да знаете
Последни објави