Search

Средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Србија, денеска оствари средба со претседателката на Народното собрание на земјата, Маја Гојковиќ. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Србија, а од страна на претседателот Пендаровски беше изразено уверување дека традиционалното пријателство, засновано на взаемна почит и разбирање и натаму ќе се продлабочува, имајќи предвид дека двете земји имаат долга заедничка историска и културна традиција и споделени цели за европска интеграција.

Исто така, на средбата се разговараше за добрата парламентарна соработка меѓу двете земји, како и парламентарната димензија на претпристапниот процес за членство во ЕУ и искуствата кои би можеле да се разменуваат меѓу двете земји со оглед на заедничката стратешка цел за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски и претседателката на српското собрание Гојковиќ се осврнаа и на актуелните состојби во регионот, при што претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од изнаоѓање темелни и одржливи решенија на регионалните прашања со цел трајна стабилност и просперитет на целиот регион.

 

Треба да знаете
Последни објави