Search

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Села, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во неговата работа.

На средбата се разговараше за политичката состојба во Република Северна Македонија и исполнување на стратешките цели и задачи во пресрет на значајниот период за државата.

Претседателот Пендаровски повика на одговорен пристап на сите релевантни политички чинители во насока на исполнување на реформската агенда, а со цел напредок во европските и евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровси ја нагласи потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата.

Треба да знаете
Последни објави