Search

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Собранието, Џафери

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните состојби во државата и очекувањата за следната година. Претседателот Пендаровски и претседателот на Собранието, Џафери на средбата поразговараа и за претстојните активности во процесот на формирање и функционирање на преодната Влада, за спроведување на предвремените парламентарни избори, односно за обврските на двете институции во тој процес.

Претседателот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието, Џафери, се согласија дека во годината кога очекуваме заокружување на полноправното членство во НАТО и одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, потврда за демократскиот капацитет на Северна Македонија треба да биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во април 2020 година во фер и демократска атмосфера.

Треба да знаете
Последни објави