Search

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, во рамки на официјалната посета на Република Словенија оствари средба со Дејан Жидан, претседател на Државниот збор на Република Словенија.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво, при што беше истакнато дека двете земји во континуитет негуваат пријателски односи, без отворени прашања, со долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Претседателот Пендаровски се заблагодари за брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во Државниот збор и изрази очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата, а со тоа Република Северна Македонија, многу скоро, до крајот на оваа година, да стане полноправна членка на НАТО. Претседателот Пендаровски подвлече дека во периодот што следи ќе продолжи соработката меѓу двете држави на планот на евроатлантските интеграции во рамки на Процесот „Брдо Бриони”, Процесот за соработка во Југоисточна Европа и другите регионални иницијативи. На средбата беше посочена потребата за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, за што беше констатирано дека постои голем потенцијал.

Треба да знаете
Последни објави