Search

Средба на Нухиу со Јурај Смолек, шеф на Оддел за сигурност и подрршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу одржа работна средба со Јурај Смолек, шеф на Оддел за сигурност и подрршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Двајцата соговорници во текот на средбата изразија задоволство од досегашната соработка и високо ја оценија посветеноста во исполнувањето на заедничките цели, искажувајќи цврста определба за натамошно унапредување. Главниот фокус беше насочен кон идните планирани активности на Министерството за внатрешни работи, а беа разменети и информации во делот на секојдневното работење, со осврт на актуелните предизвици и можност за реализирање на обуки и проекти од значење за работењето на МВР, соопштија денеска од МВР.

Оттаму информираа и дека Нухиу и Смолек, изразиле отвореност за натамошна соработка, во полза на заедничките цели за вработените во Министерството.

Треба да знаете
Последни објави