Search

Средба на МНР Никола Димитров со пратениците од германскиот Бундестаг, Мeтин Хакверди и Кристиан Петри

Денес, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри.

На средбата се дискутираше пред сѐ за европските интеграции на Република Северна Македонија и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија. Во таа прилика министерот Димитров се заблагодари за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.

Од страна на гостите, беше поздравена силната посветеност и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека германскиот Бундестаг ќе остане силен поддржувач на нашата европска агенда и патот кон Европската унија.

Треба да знаете
Последни објави