Search

Средба на МНР Димитров со европратениците Чолош и Ќучук

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со европратениците од политичката група „Обнова на Европа” – Дачијан Чолош (Романија, претседавач со групата во ЕП) и Илхан Ќучук (Бугарија, известител за Северна Македонија и член на АФЕТ).

Министерот Димитров се заблагодари за интензивната поддршка на Европскиот Парламент во изминатиот период во однос на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и добивањето на заслужената одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија. Информираше за последните внатрешно-политички случувања во земјата, во пресрет на предвремените парламентарни избори и за последните остварени реформски активности. Ја истакна важноста од позитивниот исход на мартовскиот состанок на Европскиот совет, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион.

МНР Димитров: „Благодараност за посетата во овој клучен период со што се испраќа сигнал за поддршка за отворањето на пристапните преговори со ЕУ, препознавајќи го значењето на моментот како и се она што земјата го стори на патот кон ЕУ.”

Претседателот Чолош на МНР Димитров му ја презентираше усвоената политика на пратеничката група во ЕП „Обнова на Европа” во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења и околу можноста за вклученост на Регионот во рамки на Конференцијата „Иднината на Европа”.

Треба да знаете
Последни објави