Search

Средба на министерот за култура Хусни Исмаили со исталијанскиот амбасадор Карло Ромео

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Карло Ромео.

На средбата, Исмаили и Ромео потенцираа дека двете земји имаат традиционално добра соработка во сите дејности  од областа на културата,  што се потврдува и со голем број на реализирани проекти и гостувања на македонски и италијански уметници на манифестациите во двете земји. Размената на проекти и уметници постои во областа на заштитата на културното наследство, издавачката,  драмската и ликовната дејност, а особено е изразена соработката во  филмската дејност, која се реализира согласно потпишаниот Договор за развој на копродукциски проекти меѓу Генералната Дирекција за филм при Министерството за културни добра и културни активности на Република Италија и Агенцијата за филм на Република Македонија.  Во тој контекст од особено значење е и склучувањето на Спогодбата меѓу Агенцијата за филм на РМ и најголемиот филмски фестивал за деца и млади во Европа „Giffoni Еxperience“,  во чии рамки досега се реализирани и три регионални едукативни филмски фестивали за деца и млади „Џифони Македонија“.

Двајцата соговорници разговараа и за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји, како гостувањето на  Здружението на граѓани „Артопија“ од Скопје во рамки на мрежата на театри и проект-лидер на проектот „Поетика на срамот“, во рамки на манифестацијата Матера – Европски град на културата 2019, Продукцијата „Меденица“ ќе го реализира проектот „Мала Италија патува“, АНПИ „Емин Дураку“ ќе учествува на Меѓународен фолклорен фестивал во Агригенто и др.

Треба да знаете
Последни објави