Search

Средба на министерката Мизрахи со амбасадорот Сергеј Баздникин

Министерката за труд и социјална политика д-р Рашела Мизрахи оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин на која уште беа истакнати добрите односи коишто ги поврзуваат двете земји.

Министерката и Амбасадорот го поддржуваат и потпишаниот Меморандум за соработка од областа на трудот и социјалната  политика кој е потпишан меѓу надлежните министерства од двете земји во 2016 година кој меѓу другото вклучува размена на искуства од областа на трудот и трудовото законодавство, активни мерки и политики за вработување, со посебен акцент на вработување на младите, законодавството во сферата на социјалната заштита, социјална сигурност и социјално осигурување, социјална поддршка на лицата со попреченост, економско јакнење на женитe.

 

 

Треба да знаете
Последни објави