Search

Средба на Курц со премиерите на земјите од Западен Балкан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц утре во Виена ќе органзира работен ручек за премиерите на земјите од Запаен Балкан и еврокомесарите за проширување и за дигитално општество, Јоханес Хан и Марија Габриел.

Според најавата од Кабинетот на Курц, на средбата ќе присуствуваат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, на Косово, Рамуш Харадинај, на Србија, Ана Брнабиќ и на Црна Гора, Душко Марковиќ.

Македонскиот премиер Зоран Заев го откажа учеството на средбата во Виена поради актуелните политички состојби во земјата.

На собирот ќе се разговара за европската перспектива на Западниот Балкан, за регионалната соработка и за билатералните односи.

Предвидено е Хан да направи краток осврт на актулените регионални случлувања, Габриел да говори за напорите за дигитализација во регионот, а Курц да ги претстави плановите на Австрија за до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ, по што премиерите од западнобалканските земји ќе можат да ги изнесат своите ставови за посочените теми.

Треба да знаете
Последни објави