Search

Средба на директорот на ФПИОСОМ со австриското атеше за труд и социјални работи

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Шаип Зенељи денеска се сретна со аташето за труд и социјални работи, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија во Северна Македонија, Хералд Фугер, на која било разговарано за прашања од областа на социјалното осигурување на двете земји.

Соговорниците, како што информираат од ФПИОСМ, се согласиле за потребата од почести средби помеѓу двата органи заради спроведување на договорите за социјално осигурување, како и за одржување на меѓународни советодавни денови со граѓани меѓу претставниците на двата органи за врска.

На состанокот, двете страни се согласиле дека постои потреба двата пензиски фонда во иднина да склучат договор за електронска размена на податоците од областа на пензиското и инвалидско осигурување.

Треба да знаете
Последни објави