Search

Средба на Димитров со новоименуваниот амбасадор на Финска, Лахдевирта

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Република Финска за Република Северна Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.

 Министерот Димитров му посака срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата на амбасадоротЛахдевирта, изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на неговиот мандат. Министерот Димитров го поздрави почетокот на финскотопретседавање со Советот на ЕУ и се заблагодари за досегашната континуирана поддршка од Финска за нашите евро-интегративни аспирации. Во таа насока го информираше соговорникот за демократскиот пресврт на Северна Македонија, подвлекувајќи дека нашиот успех, јасно отсликан во Извештајот на Комисијата, треба да биде потврден и зацврстен со позитивна одлука во октомври. Амбасадорот Лахдевирта изрази задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-финското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период на финското претседавање со Советот на ЕУ. Тој ја повтори поддршката на финската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскор заслужен напредок на патот кон реализација на стратешките цели на нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави