Search

Средба на вицепремиерот Димитров со советничката на Макрон, Изабел Думон

Во рамките на дводневната работна посета на Република Франција, заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска се сретна со Изабел Думон, советничка за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, со која разговараше за европско интегрирање на Западниот Балкан, како гео-стратешки интерес на Унијата.
На средбата беше реафирмирана европската перспектива на Северна Македонија и позитивната динамика на реформскиот процес, потврдено и со последниот извештај на Европската комисија, а кои се значајни за стабилноста на регионот и пошироко, во контекст на актуелните безбедносни предизвици, информираа од кабинетот на Димитров.
-Без разлика дали станува збор за економски или политички перспективи, нашата соработка во областа на миграцијата и борбата против тероризмот – отворањето на преговорите оваа година ќе покаже дека Франција и нејзините европски партнери може да сметаат на Северна Македонија, изјави Димитров по средбата со Думон.
Треба да знаете
Последни објави