Search

Средба Лавров-Катругалос на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург

Регионалните и меѓународните случувања со акцентот на Балканот, Источниот Медитеран и Сирија, како и билатералните односи во рамките на заедничкиот акциски пан за 2019-2020 и проширување на соработката, ќе бидат темите на агендата разговори, според грчкото МНР, на министрите за надворешни работи на Русија и Грција, кои утре ќе остварат средба во Санкт Петербург, јави дописничката на МИА од Атина.

Сергеј Лавров и Јоргос Катругалос ќе се сретнат на маргините на 23-от Меѓународен економски форум што се одржува од 6 до 8 јуни во рускиот град.

-Во рамките на учеството на форумот, Катругалос ќе ги анализира специфичните аспекти на грчката надворешна политика, фокусирајќи се на културната дипломатија, можностите за извоз на култура и начините за промовирање на културното наследство на една земја на глобално ниво, соопштуваат од грчкото МНР.

Треба да знаете
Последни објави