Search

Средба Захариева-Палмер во Софија, РС Македонија една од темите за кои разговарале

Европската унија мора да покаже поголема ангажираност во земјите од Западен Балкан со цел да ја стимулира нивната евроатлантска интеграција, порачаа бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и Метју Палмер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Палмер, кој денеска во Софија се сретна со Захариева, е во посета на Бугарија која се реализира еден месец по првиот спроведен Стратешки дијалог меѓу Бугарија и САД на 8 јануари во Софија.

– Граѓаните во земјите од Западен Балкан треба да почувствуваат што прави Европа за секој од нив поединечно, рече Захариева. Таа истакна дека бугарската надворешна политика е исклучително фокусирана на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, не само затоа што шесте земји се непосредни соседи на Бугарија, туку и затоа што е важна за просперитетот и безбедноста на целата Европска унија.

Како што јави БГНЕС, Захариева и Палмер изразија разочарување од недостигот на одлука на Европскиот совет за почеток на преговори за членство во Унијата за Република Северна Македонија и Република Албанија. Тие се согласија дека таквата одлука е неопходна, колку што е можно побргу, во рамките на хрватското претседателство на Советот на ЕУ, затоа што е важно за довербата и популарноста кои ЕУ и евроатлантските вредности ги имаат не само во овие две држави, туку и во целиот регион на Западен Балкан.

Во разговорите беше разгледан и напредокот и ја истакнаа неопходноста од реализирање на реформите во земјите од Западен Балкан, вклучително и спроведувањето на политиките за добрососедство.

Палмер го истакна и придонесот на Бугарија и примерот што земјата го даде со склучувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија, јави БГНЕС.

– Со овој договор, вие го поставивте тонот меѓу Скопје и Атина за склучувањето на Договорот од Преспа, истакна специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Двајцата соговорници ја истакнаа и потребата од поголема вклученост на евроатлантските партнери во блокираниот дијалог меѓу Србија и Косово, како и во однос на реформите во Босна и Херцеговина. Во овој контекст, Захариева ја истакна важноста на проектите што Бугарија ги финансира во земјите од Западен Балкан во рамките на официја

Треба да знаете
Последни објави