Search

Средба Гутереш – Дендиас во Женева

Ситуацијата во Либија и кипарското прашање биле темите за кои разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на нивната средба во Женева во пресрет на Советот за човекови права и конференцијата за разоружување, јави дописничката на МИА од Атина.

По состанокот, шефот на грчката дипломатија во писмената изјава вели дека станало збор за обидот за политичко решавање на кризата во Либија, напори кои Грција ги поддржува.

„Истакнав дека Грција, како соседна земја на Либија, директно засегната од случувањата таму и како фактор на стабилност во регионот, има улога и збор за ситуацијата во Либија. Случувања, кои вклучуваат нелегални активности кои поттикнуваат конфликт и го поткопуваат мирот и безбедноста во регионот”, соопшти  Дендиас.

Во однос на кипарското прашање, шефот на грчката дипломатија вели дека изразил цврста поддршка за напорите на генералниот секретар на ОН за повторно почнување на разговорите „со цел праведно и одржливо решение”.

Треба да знаете
Последни објави