Search

Средба Битиќи-Галовеј: Поддршка од Лондон за реформи за побрз економски развој и подобар стандард

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, со која разговараа за економските приоритети на Владата во новиот мандат, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји, како и можностите за развој на истата.

Вицепремиерот Битиќи, соопштија од неговиот Кабинет, ги претстави економските приоритетети на Владата во наредниот четиригодишен мандат, при што посочи дека врвен приоритет е справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19, како и креирањето на новиот четврт пакет економски мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството.

Тој посочи дека цел на оваа Влада е да се креираат политики што ќе го забрзаат растот и развојот на економијата, ќе овозможат нови странски и домашни инвестиции, технолошки развој на компаниите и иновации, како и креирање нови работни места.

– Членството на Северна Македонија во НАТО и отворање на преговорите за членство во ЕУ, се процеси кои носат дополнителна стабилност и безбедност за инвеститорите и граѓаните, а со кои се обезбедуваат услови за реализација на политиките за новата развојна економија на земјата, дополни вицепремиерот Битиќи.

Британската амбасадорка Галовеј му честиташе на вицепремиерот Битиќи за преземањето на функцијата и искажа отвореност од страна на Обединетото Кралство за поддршка на Северна Македонија во спроведување на потребните реформи што ќе значат побрз економски развој и подобар стандард и квалитет на живот за граѓаните, како и во креирањето на политики кои ќе не движат напред по европскиот пат.

– Обединетото Кралство е традиционално добар трговски партнер на нашата земја, во првите седум месеци во 2020 година според официјалните статистики за трговската размена е позиционирана на второто место, и покрај кризата која беше предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид 19, извозот кон оваа земја бележи раст над  седум отсто, стои во соопштението.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Галовеј се заложија дека соработката и партнерскиот однос помеѓу двете земји ќе продолжи и во овој мандат.

Треба да знаете
Последни објави