Search

Средбата меѓу Трамп и Ким мотив на фустанот на кандидатка за Мис

Мир во светот“ – често повторуваната фраза во натпреварите за убавина, оваа година ќе најде место не само во пораките на сингапурска кандидатка за Мис Универзум, туку и на нејзиниот фустан.

Во декември, на финалниот натпревар за Мис на Тајланд, 24-годишната Заха Канум ќе носи фустан инспириран од историската средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, која се одржа во средината на годинава во Сингапур.

На горната половина на фустанот ќе бидат прикачени раширени крила, а на деколтето ќе биде постевен знакот за мир, пренесува агенцијата „Хина“.

На долниот дел ќе бидат насликани две раце во гест на ракување, едната завиена во американско знаме, а другата во боите на Северна Кореја. Контурите на Сингапур ќе бидат исцртани на работ на фистанот.

 

Треба да знаете
Последни објави