Search

Средбана на Димитров со новоименуваниот ополномоштен амбасадор на Хеленската Република Јанакакис

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Хеленската Република, Димитрис Јанакакис, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за негово именување за амбасадор на Хеленската Република во Република Северна Македонија, по подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Aмбасада, на 31 мај 2019 год.

МНР Димитров изрази увереност во натамошно продлабочување, збогатување и интензивирање на односите меѓу двете пријателски земји. Го запозна соговорникот со постигнатите реформи и перспективите на евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија во контекст на очекувањата за добивање позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври. Во светло на Договорот на Преспа, МНР Димитров изрази очекување дека отворената поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија ќе продолжи и во оваа фаза од процесот, имајќи го предвид заедничкиот бенефит. МНР Димитров: „Имаме историска шанса со мудра политика базирана на разбирање на соседот, да станеме природни сојузници.”

На средбата се разговараше и за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за развој на севкупната соработка во различни области со цел интензивирање и збогатување на соработката помеѓу двете држави.

Треба да знаете
Последни објави