Search

„Сребрените“ од ЕП-2020 пречекани во Загреб од неколку илјади навивачи

По десет години хрватскиот ракомет повторно слави сребрен медал од големите натпреварувања. Хрватска го осови второто место на ЕП-2020 кое за првпат се одржа во три земји домаќини: Австрија, Шведска и Норвешка и првпат имаше завршница со 24 репрезентации. „Коцкестите“ загубија во финалето од старо-новиот првак Шпанија (22:20) во Стокхолм во „Теле 2“ арената, стадион адаптиран во сала каде имаше 15.000 навивачи и тоа главно поддржувачи на Хрватска.

Овој успех на хрватската ракометна експедиција на челот со селекторот Лино Червар беше поздравен со срдечен пречек во Загреб на плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“ од неколку илјади љубители на спортот.

Најдолготраен аплауз и восхти кај љубителите на ракометот при излегувањето на бината од каде отпоздравуваа предизвика повикувањето на Домагој Дувњак, капитенот на „коцкестите“ кој ја понесе и наградата МВП на континенталниот собир.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави