Search

Срби ја ограбиле златарницата во Прилеп, уапсени јатаците

Тројца Срби ја ограбиле златарницата во Прилеп, а двајца прилепчани им помогнале во грабежот, информира МВР.

Според полицијата, уапсени се Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Србија против кои е поднесена кривична пријава за разбојништво. Истрагата утврдила дека во извршувањето на кривичното дело им помогнале М.К. ( 44) и В.Т. ( 44), двајцата од Прилеп, осомничени за помагање.

Разбојништвото беше извршено на 25 декември лани, околу 8.45 часот во златарата „Буба Мара“, во старата градска чаршија во Прилеп. Додека вработената го поставувала излогот, М.А.(35) со чекан го скршил стаклото од влезната врата со помош и влегол внатре, а по него и пД.П. кој и вперил пиштол во главата на продавачката и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари.

https://www.facebook.com/karolina.durlo.5/videos/10212503565599606/?t=2

Потоа, заедно со У.П. кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило „форд фиеста“. Прилепчанецот М.К. им помагал така што им обезбедувил сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело.

Петтопријавениот В.Т. им помагал со прикривање на автомобил „форд фиеста“ и друга логистика.

М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави