Search

Србија ѝ испрати протестна нота на Австрија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Ивица Тончев, отпатува во Австрија каде се очекува да ги засили мерките за безбедност на српските дипломатско-конзуларни претставништа. Тој истакнал дека тоа треба да се направи за во иднина да бидат спречени инциденти како што е испишување графит „УЧК“ на зградата на конзулатот во Виена.

„За безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништва се грижи земјата домаќин, во овој случај Австрија. После инцидентот, утринава е предадена нота на австриското Министерство за надворешни работи. Очекуваме дека австриските надлежни органи во најкраток рок ќе ги најдат сторителите на ова дело“, навел Тончев.

На зградата во која се наоѓа конзуларното одделение на амбасадата на Србија во Виена непознати сторители во текот на ноќта испишале графит „УЧК“ што на албански јазик е кратенка за поранешната Ослободителна војска на Косово.

Треба да знаете
Последни објави