Search

Србија ќе ја прекине кампањата против Косово за повлекување на признавањето

Србија се согласи да ја прекине кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово, изјавија неименувани дипломатски извори во Брисел.

Како што објави Радио Слободна Европа (РСЕ), белградските власти дале согласност за да придонесат во атмосферата за продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.-

– Како дел од добрата волја за создавање на атмосфера погодна за продолжување на дијалогот, Белград се согласи да не продолжи со оваа кампања, им потврди на новинарите висок дипломатски извори во ЕУ.

Претставници на Европска Унија кои се занимаваат со процесот на дијалог истакнаа дека кампањата на Србија е „иритирачко прашање”.

-Треба да изградиме позитивен поттик, да не да се иритираме едни со други, порачаа од ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Лозница изјави дека „Приштина побарала од Србија да престане со кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово и дека тој предложил тие да се откажат од кампањата на барањата за влез во меѓународните организации”.

Тој исто така повтори дека „Србија е отворена за разговори со Приштина, но мора да се укинат бариерите за слободното движење на услуги, стоки и луѓето”.

Треба да знаете
Последни објави