Search

Србија ќе даде еден милион евра за обнова на Нотр Дам

Србија ќе подари еден милион евра со цел да помогне во обновата на катедрала Нотр Дам, откако провладини таблоиди во Белград објавија дека пожарот е „божја казна” за Франција, пренесува БГНЕС.

„Донацијата претставува потврда на нашето вековно пријателство со францускиот народ”, се вели во соопштението на српската Влада. Во него се изразува надеж дека „тој симбол на француската цивилизација и светот ќе бидат обновени во најбрз можен период”.

Донацијата доаѓа откако два таблоида објавија дека пожарот е божја казна за тоа што знамето на Косово минатата било поставено во катедралата по повод стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, потсетува БГНЕС. Подоцна написите со наслов „Ги стаса Божјата казна” беа отстранети, а српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека „сите граѓани на Србија се тажни” поради пожарот.

Треба да знаете
Последни објави