Search

Србија ќе ги стимулира Литванија и Луксембург со по 500.000 евра за да им помогнат да ја симнат Португалија од второто место

Раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија има намера да ги стимулира репрезентативците на Литванија и Луксембург со премија од по 500.000 евра, со цел во последните две кола кога од квалифиакциската група Б кога ќе играат против Португалија да останат непоразени. За ваквиот потег на фудбалското раководство на северниот сосед пренесуваат српските медиуми, како би им помогнале на своите репрезентативци да ја искористат теоретската шанса преку квалификациите за ЕП да изборат пласман на завршницата.

Португалија (11 бода) и Србија (10 бода) се во трка второ место во групата, откако Украина (19 бода) го визира настапот на ЕП како првопласирана во групата. Португалија во последните две кола ќе игра со Литванија и Луксембург. Објективно Португалија е фаворит и самата си ја крои својата судбина. Србија не сака да се откаже од теоријата, па посегнува по јавна стимулација на ривалите да одиграат за нив.

И Србија ќе игра со Луксембург, како и со Украина, која во Белград се очекува да пристигне  немотивирана, откако ја верификува првата позиција. Србите треба да направат максимален скор, а  Португалија барем на еден меч од двата да не победат, па северниот сосед да се пласира на ЕП.

Треба да знаете
Последни објави