Search

Србија со убедлив старт за „Дејвис купот”

– Србија даде најава за силно претставување во дебитантското издание на новиот формат на „Дејвис купот”, откако ја победи Јапонија со 3:0 во нивниот прв натпревар од турнирот во Мадрид.

Србите предводени од Новак Ѓоковиќ немаа проблем да забележат чист успех и сериозно да ги зголемат своите шанси да дојдат до четвртфиналето на турнирот.

Во првиот натпревар во сингл вториот ракета на шампионите од 2010 година, Филип Крајновиќ го победи Јуичи Сугита со 6-2, 6-4, по што светскиот рекет број 2, Новак Ѓоковиќ немаше проблем да го запечати својот успех по 6-1, 6-2 против Јошихито Нишиока.

Во дуелот во двојки, Јанко Типсаревиќ и Виктор Троицки не дозволија изненадување и ги совладаа Бен Меклахлан и Јасутака Учијама со 7-6, 7-6 за да му обезбедат на својот тим чиста победа.

За Јапонците ова беше втор пораз по вчерашниот против Франција со 1-2 и тие веќе немаат шанса да одат напред, додека утре Србија и Франција ќе утврдат кој ќе заврши на прво место во групата. Во четвртфиналето ќе се најдат шесте победници во групата и двете најсилни втори екипи.

Треба да знаете
Последни објави