Search

Србија-СНС со мерки за подобрување на изборите, Ѓилас: Нема да учествуваме ни на дијалогот со посредство на ЕП

Додека во Белград се одржуваше шестата тркалезна маса меѓу власта и опозицијата за изборните услови, на која најголемиот дел на опозицијата не присиствуваше, лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас изјави дека вчерашната согласност за посредување на Европската унија во српското Собрание за подобрување на изборните услови во Србија е добредојдена, но дека опозицијата нема да учествува во разговорите на кои се повикува спикерот на парламентот Маја Гојковиќ.

-Ако, по седум години, Европската унија сака да се применат европските стандарди и за оној дел од Европа наречен Србија, ние сме среќни, изјави Ѓилас, кој, како што јави дописникот на МИА од Белград додаде дека е добро ако некој од меѓународната заедница сака да посредува за да се дојде до соодветни изборни услови.

Како што кажа Ѓилас, „секој што мисли дека опозицијата ќе одговори на повикот на Маја Гојковиќ сериозно ја потценува и опозицијата и нејзината решеност да се бори за овие изборни услови”, додавајќи дека ситуацијата е таква што голем број на луѓе во Србија е уценет да гласа за партијата на власт и да медиумите спречуваат секој од опозицијата да каже нешто.

„Изборите под принуда не се избори”, рече Ѓилас, додавајќи дека постои подготвеност да се вклучат во дијалог со европските посредници и претставници, доколку тие сакаат да ги решат ваквите работи.

Овој став на Ѓилас, е сличен со ставот на Демократската странка (ДС) и нејзиниот лидер Зоран Лутовац кој денес изјави дека „ има смисла да се вклучиме во дијалогот посредуван од ЕУ паралелно со кампањата за бојкот.”

Истовремено, по одржувањето на шестата тркалезна маса меѓу власта и опозицијата за изборните услови и гласачкото право на Факултетото за политички науки, на која најголемиот дел на опозицијата не присиствуваше, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој ја преставуваше владеачката Српска напедна странка (СНС) изјави дека СНС предложила сет на мерки за унапредување на изборите, „за кои СНС има волја да ги прифати.”

-Ги разгледавме сите предложени мерки од состаноците, како и оние што ги предложија ОБСЕ и ОДИХР. СНС денес предложи сет мерки што ние сме подготвени да ги прифатиме. Ова не е последниот сет, тој ќе биде конечен во понеделник. Направивме низа мерки за кои веруваме дека ќе го подобрат изборниот процес – рече Стефановиќ.

Според него, СНС „предвидува измени во законот што се однесуваат на изборите следната година, како и мерки поврзани со изборниот процес, бидејќи очекува да се подобрат условите. Ќе се обидеме да ја спречиме изборната кампања, злоупотребата на јавните ресурси на јавните собири. Во Собранието ќе се формираат одбори, кои ќе ја следат работата на медиумите за време на изборите – рече Стефановиќ изразувајќи желба за продолжување на дијалогот, воедно поздравувајќи го посредништвото на ЕП во српското собрание околу изборите.

На оваа последна тркалезна маса меѓу власта и опозицијата, за разлика од владеачките партии, од опозицијата беа присутни- Чедо Јовановиќ од ЛДП, од Движењето на слободни граѓани (ПСГ), од партијата на Ненад Чанак (ЛСВ) и други помали партии, но не и партиите од коалицијата Сојуз за Србија (СзС) кои веќе прогласија бојкот на изборите

Треба да знаете
Последни објави