Search

Србија се подготвува за коронавирусот, апелира да не се патува каде што има зараза

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека нема место за паника во Србија околу новиот коронавирус што се појави во Кина кон крајот на минатата година, а од кој починаа повеќе од 200 луѓе досега, но дека ќе биде зајакната контролата на српските гранични премини.

Лончар изјави дека српското Министерство за здравство е во контакт со Светската здравствена организација, но дека не стигнале некои позначајни препораки од организацијата, како што е забрана за патување.

Сепак, министерот апелираше до сите што живеат во Србија да не одат без итна потреба во областите каде што се појави коронавирусот, чии симптоми се висока температура, истоштеност и отежнато дишење.

Доколку тие веќе заминале или се вратиле од овие области во Србија и имаат какви било симптоми, министерот обрна внимание да се јават навреме на лекар и истакна дека контролата на граничните премини ќе биде засилена.

Треба да знаете
Последни објави