Search

Србија преку Казахстан стигна до полуфинале со Хрватска во Дејвис купот

Тениската тепрезентацијата на Србија се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот откако со пресврт ја совладаа селекцијата на Казахстан со 2:1. Србија в петок во 16 часот во полуфиналето ќе игра против Хрватска. Во второто полуфинале Германија ќе игра со подобриот од мечот Русија Шведска.

Србија се пласираше во полуфиналето откако во решавачкиот меч во двојки Новак Ѓоковиќ и Никола Чачиќ ги совладаа Андреј Голубјев и Александер Недовјесов со 6:2, 2:6, 6:3 по 1 час и 39 минути игра. По мечот рекетот број еден не го криеше задоволството од триумфот и пласманот во полуфиналето.

-Најмногу сум горд на натпреварувачкиот дух. Паднавме во втроиот сет, но успеавме да се вратиме. Успеавме да го задржиме брејкот во одлучувачкиот сет и да го префрлиме моментумот на наша страна. Горд сум на Никола и на овој тим, заслуживме да бидеме во полуфиналето, изјави Ѓоковиќ.

Хрватска во понеделникот ја елиминираше Италија, а на завршниот турнир ја претставуваат Марин Ќилиќ, Борна Гојо, Нино Сердарушиќ, Мате Павиќ и Никола Мектиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави