Search

Србија од утре воведува задолжителни ПЦР тестови за македонските државјани

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија дека на предлог на институтот за здравје, српската влада  донесе одлука со која за граѓаните на  четири соседни земји меѓу кои: Република Северна Македонија, Хрватска ,Романија и  Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија.

Одлуката за државјаните на овие четири земји меѓу кои и Република Северна Македонија  ќе започне да важи од утре 15.08, сабота, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест.

Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но истите за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Република Србија од еден премин до друг.

Треба да знаете
Последни објави