Search

Србија: Од денеска задолжителен ПЦР тест за граѓаните на Хрватска, Северна Македонија, Бугарија и Романија

Сите граѓани кои доаѓаат во Србија од територијата на Хрватска, Северна Македонија, Бугарија и Романија од денеска треба да имаат негативен тест за ПЦР, што не е постар од 48 часа, одлучи српскиот кризен штаб.

Таа одлука не се однесува на граѓаните на Србија кои доаѓаат од територијата на тие држави.

Донесена е одлука дека нема повеќе ограничувања за граѓаните на Црна Гора во однос на влез и додаде дека одлуката ќе стапи на сила од денеска.

Треба да знаете
Последни објави