Search

Србија не се враќа на списокот со трети земји кои имаат дозволен влез во ЕУ

Србија нема да се врати на списокот со трети земји на кои им е дозволен слободен влез во ЕУ, дознава Танјуг во Брисел.

Иако во работните тела на Советот на ЕУ беше покренато прашањето за враќање на Србија на списокот на земји за кои нема ограничувања за влез, амбасадорите на земјите-членки ја отстранија оваа тема од денешниот состанок.

„Амбасадорите не разговараа на таа тема, така што нема промени на списокот“, велат германски дипломатски извори за Танјуг.

Дипломатски извори наведуваат дека некои земји-членки, предводени од Грција, се залагале границите на ЕУ да бидат отворени за граѓаните на Србија поради подобрувањето на епидемиолошката состојба.

„Преовладувачката проценка е дека ситуацијата ‘не е стабилизирана доволно’, како во Србија, така и во ЕУ“, јавува Танјуг.

Списокот на трети земји за слободен влез во ЕУ се ревидира на секои две недели.

Треба да знаете
Последни објави