Search

Србија нема да го протера црногорскиот амбасадор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва се сретна со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, за да разговараат за потезите на српската дипломатија откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор.

„Вчера побаравме амбасадорот Тарзан Милошевиќ да ја напушти територијата на Република Србија. Тоа го сторивме откако нашиот амбасадор беше прогласен за персона нон грата“, рече премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи:

„Претседателот ме покани мене и министерот Селаковиќ да се консултираме за оваа одлука на Владата – тој ја разбира и ја поддржува одлуката, ние реагиравме во согласност со Виенската конвенција, сосема нормално и природно“.

Сепак, како што посочи српската премиерка, Вучиќ побарал консултации за оваа одлука, врз основа на што е донесена нова одлука Србија еднострано да се повлече од протерување на црногорскиот амбасадор.

„Не сакаме да имаме таков непријателски чин кон Црна Гора, затоа ја донесовме оваа одлука денес. Жалам што во Црна Гора се почесто се менува вистината и се вели дека Србија била окупатор во Првата светска војна“, вели Брнабиќ.

Таа исто така изрази надеж дека ова ќе биде сфатено како дело на добра волја и изјави дека одлуката ќе биде повлечена уште вечерва.

Треба да знаете
Последни објави