Search

Србија на 81 место според индексот на економските слободи

Србија според годинешниот индекс на Економските слободи во светот од вкупно 162 држави, се наоѓа на 81-то место со индекс 6,89.

Според овој Индекс на економските слободи, објавен од канадскиот Фрасер институт, Србија се наоѓа на зачетокот на Европа, а од земјите во регионот, полоша е состојбата само во Црна Гора и БиХ.

Србија и покрај тоа што е релативно лошо оценета во сите сегменти, најлоша е состојбата во областа на владеењето на правото.

На врвот на овој Индекс и годинава повторно се Хонг Конг (8.91) и Сингапур (8,69), а следат Нов Зеланд (8,50), Швајцарија (8,40), САД (8,20). Ирска (8.13), Велика Британија (8.09), Канада (8.08), Австралија (8.07) и Маурициус (8.05).

Десетте најлошо рангирани земји се Венецуела (2,59), Либија (4,49), Судан (4,64), Алжир (4,76), Ангола (4,84), ДРЦ (5,01), Египет ( 5.05), Сирија (5.06), Република Конго (5.09) и Гвинеја-Бисао (5,19).

Вкупниот индекс на Србија изнесува 6,89 и тој е малку понизок од светскиот просек. Поради промените во поглед на другите земји, Србија од 84-та позиција, сега се наоѓа на 81-то место. Меѓутоа таа и понатаму е на зачетокот на Европа во однос на економските слободи – полошо рангирани од неа се само Црна Гора, Босна и Херцеговина, Руската Федерација, Молдавија и Украина.

Во анализата на овој извештај од страна на Либертаријанскиот клуб од Белград (Либек), се наведува дека „Србија и понатаму има многу лоши резултати во областа на владеењето на правото, што е камен-темелник на пазарната економија, лоши оценки во поглед на независноста на судството, непристрасноста во судските постапки и почитувањето на правата на сопственост и извршувањето на договорите заради бавните и скапи судски постапки.”

-Таа има лошит резултати и во областа на деловната регулатива – покрај самата природа на регулативата, која во некои случаи ја ограничува конкуренцијата и создава ренти за силни интересни групи блиски на власта, а голем проблем е и високото ниво на корупција.

Дури и во областите каде што Србија е релативно високо котирана, како што е слободата во меѓународната трговија, според Либек, таа има голем број проблеми: Србија сè уште не е членка на СТО (како единствена европска земја со БиХ и Белорусија), додека регулативите што се однесуваат на техничките стандарди сè уште не се во согласност со европските правила, а царинската управа користи застарени технички решенија, со бројни бавни процедури.

Со оглед на многу слабите резултати во Србија, Либек наведува дека е неопходно да се спроведат дубински реформи, особено во областа на правосудството и деловната регулатива. Србија треба да ја реформира царинската и даночната служба и да стане членка на СТО. Неефикасните државни претпријатија треба да се приватизираат и освен за земјоделството, да се укинат субвенциите. Либек наведува и дека „субвенциите се скоро повеќе од двојно поголеми отколку во другите земји во транзиција, додека јавната потрошувачка во Србија е неизмерно висока со оглед на нивото на економски развој, што најдобро се гледа во споредба со соседна Бугарија или Романија.”

Сегашниот резултат на Србија е многу лош и укажува на тоа дека реформите што се спроведуваат имаат многу ограничен опсег. Доколку ова беа суштински реформи во деловното опкружување, тоа би било видливо во промената на резултатот на Србија на овој индекс, оценува аналитичкиот тим на истражувачи на Либертаријанскиот клуб од Белград (Либек).

Треба да знаете
Последни објави