Search

Србија има помалку од 7 милиони жители, просечната возраст изнесува 43 години

– Просечната возраст на населението во Србија сега изнесува околу 43 години, со животен век од 73 години за мажи и 78 за жените, додека оние со над 65 години возраст се најбрзорастечката популација, изјави министерката без ресор задолжена во српската влада за демографија и популациона политика, Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

-Според најновите податоци на Републичкиот завод за статистика, Србија има помалку од седум милиони жители, а предизвиците со кои се соочуваме се одложено раѓање, миграцијата и стареењето на населението, кажа Ѓукиќ Дејановиќ на конференцијата „Подобрување на надлежностите на професионалните работници во центрите за социјална работа во спроведување мерки бо популационата политика”.

Таа додаде дека добра вест е што во 2019 година, се родени 341 бебиња повеќе од претходната година.

Треба да знаете
Последни објави