Search

Србија има обезбедено два лека против коронавирусот од кој едниот чини 400 долари, а другиот се дава само еднаш

Лекот кој може да им помогне на пациентите да се справат со коронавирусот покрај вакцините Србија го доби меѓу првите земји во светот од комапанијата МСД и неговото име е Молнопиравир.

-Точно е дека сме меѓу првите земји во Европа кои потпишавме догвор. Покрај нас и САД имаат потпишано договор. До крајот на годинава ќе заврши постапката за регистрација , така  што од крајот на јануари можемо да го очекуваме  – изјави Сања Радојевиќ Шкодриќ, директор на Републичкиот фонд за здравствено осигурување кај северниот сосед.

-Ова е одличен лек. Во облик е на таблети и се дава на пациенти кои се позитивни на корнавирусот во првите пет дена од инфицираноста. Рзултатите од направените клинички испитувања покажуваат дека ги намалува шансите пациентите да завршат на болничко лекување за 50 одсто – додава Шкодриќ.

Сепак и за Шкодриќ вакцинацијата против коронавирусот е на прво место во борбата за справување со инфекцијата. На парашањето зошто во тој случај луѓето мораат да се вакцинираат кога веќе има лек таа додава:

-Лекот делува кога веќе сте инфицирани и помага во лекувањето, а вакцината спречува да се заразите од коронавирусот.

Овој лек според Шкодриќ чини 400 долари и него ќе го плаќа државата.

Бидејќи има случаи и ваквинирани лица да се заразат од коронавирусот, но тогаш пациентите се поштедени од тешка клиничка слика и во такви случаи ќе се дава лекот.

Србија има обезбедено уште еден лек против коронавирусот – Сотровимаб.

-Овој лек делува како „бамланивимаб и „регенерон“ кои ги обезбедивме пред шест месеци. Овој лек им се дава на пациенти кои се позитивни и имаат ризик фактор како што со кардиовасклуларни заболувања, со дијабетис или на повозрасните од 65 години кај кои постои поголема веројатност да имаат потежок облик на проблеми како последица од коронавирусот што можат да резултираат и со смртен исход – објаснува Шкодриќ.

Овој лек се дава амбулантски, не во болница, и тоа само еднаш преку инфиузија, поради што пацинетот останува неколку часа под надлежност на лекар  а потоа се пушта да си замине дома ако нема никаква реакција.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави