Search

Србија извиси, „Фолксваген“ ќе гради фабрика во Турција

Надзорниот одбор на “Фолксваген” објави дека избрал локација за фабрика во близина на западниот крајбрежен град Измир, Турција. Според привчните информации, во новата фабрика во Турција ќе се произведуваат модели на Сеат и Шкода.

Како што пренесува “Новости” преку неофицијални информации од светските медиуми, фабриката “Фолксваген” ќе произведува 350.000 автомобили годишно.

Во последните неколку месеци се шпекулираше дека “Фолксваген” преговара со претставници на неколку земји за локацијата за изградба на фабрика во Југоисточна Европа.

Македонија уште на почетокот oтпaднa, а Србија, Бугарија и Турција се бopeа за оваа фабриката.

Според шпeкyлaциитe, се чини дека за изборот на локацијата голем придонес имал Катар, која има 17 отсто удел во акции во”Фолксваген”, а токму Катар се залагаше за изградба на фабрика во Турција на состанокот на комитетот.

Треба да знаете
Последни објави