Search

Србија играше без селектор !

Репрезентацијата на Србија беше блиску до првата победа во групата на 22. Светско фудбалско првенство во Катар и пласман во осминафинале, но Камерун им ги расипа есапите. Србите прокоцкаа два гола предност и на крајот наместо три бода мораа да се задоволат со еден (3:3).  По натпреварот во кој Србија направи резултатски пресврт и поведе со 3:1 и не победи, почнаа критиките упатени на адреса од селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Поранешниот репрезентативец на Југославија, Раде Богдановиќ на гостувањето во „РТС“ го нападна Пикси и кажа дека никогаш досега не видел некој така лошо да води меч како актуелниот тренер на Србите.

-Од сјај до очај. Не ги обвинувам фудбалерите за ништо, тие не се доволно подготвени, а потоа немате ни концентрација, дисциплина. Морам да ви кажам дека денеска игравме меч без селектор на кормилото. Никогаш не сум видел некој така лошо да води меч како денеска Пикси. Тие измени што ги направи… Никој не може да разбере што сакаше да направи, вели Богдановиќ.

Треба да знаете
Последни објави