Search

Србија доби нов празник – Денот на Кирил и Методиј на 24 мај

На седницата на Владата на Србија беше усвоен Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници во Република Србија, со кој се предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.

Со овој празник ќе се одбележи Денот на словенската писменост и култура, која ја втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и творци на првото словенско писмо – глаголица, објави прес-службата на српската влада.

Според РТС, 24 мај ќе биде државен празник и работен ден.

Иницијативата потекнува од Министерството за култура , а предлогот беше доставен до Владата од страна на Министерството за труд.

Треба да знаете
Последни објави