Search

Србија во проблеми: Митровиќ и Влаховиќ не играат против Бразил

Прашање е дали српскиот селектор Драган Стојковиќ ќе може да смета на главните напаѓачи за дуелот со Бразил (24 ноември) кој му создава голема главоболка пред патувањето во Катар.

Како што дознава „Политика“, премиерниот меч на СП „орлите“ ќе го одиграат без главните адути во нападот: Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ.

Иако има уште десет дена до Мундијалот во Катар, напаѓачот на Фулам и рекордер по бројот на голови за репрезентацијата се уште е на патерици!

Речиси сигурно е дека Митрогол ќе го пропушти мечот против Бразил, бидејќи на 24 септември доби тешка повреда против Шведска во Лигата на нации. Иако се чинеше дека повредата не е сериозна, по деталните лекарски прегледи беше утврдено дека напаѓачот на Фулам има скршени две коски на стапалото што му прави сериозен проблем.

Митровиќ моментално се наоѓа во Белград, каде лекарскиот тим прави се напаѓачот што поскоро да му биде достапен на Пикси. Се верува дека ќе биде подготвен за натпреварите со Камерун (2 ноември) и Швајцарија (2 декември).

Исто така, загрижува податокот дека извесно време надвор од терените е и другиот напаѓач на „орлите“, Душан Влаховиќ. А неговата повреда е од сериозна природа и бара одмор најмалку еден месец. Како што стојат работите би можел да го пропушти и дуелот со Бразил!

Инаку, Валховиќ е во тренажен процес во Јувентус, но работи одвоено од тимот.

Душан го одигра својот последен натпреварувачки натпревар на 25 октомври против Бенфика во ЛШ, но го напушти теренот во 69. минута бидејќи почувствува болка.

Треба да знаете
Последни објави