Search

Србија бара итна седница на Советот за безбедност

Србија ќе побара одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Тој вели дека со одлуката за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија, Косово ја прекршило резолуцијата на Советот за безбедност во ОН 1244.

„Ова е најдиректна закана кон мирот и стабилноста во регионот и безбедноста на српскиот народ кој живее на Косово и Метохија“, изјави Дачиќ за „Танјуг“.

Треба да знаете
Последни објави