Search

Србин незадоволен од забраната за движење и се заканувал на полицијата преку „фејсбук“

Српската полиција во Лесковац уапсила 34-годишен маж од околината на градот под сомнение дека им се заканувал на полициските службеници на „Фејсбук“.

Според српските медиуми, човекот на оваа социјална мрежа напишал дека ќе употреби сила против полицајците доколку го допрат за време на полицискиот час.

Осомничениот е обвинет за спречување службено лице во обид да изврши службени активности, соопштија од српското МВР.

Тие информираат дека младиот човек ќе биде изведен пред суд.

Треба да знаете
Последни објави