Search

Србинот Богдановиќ ги реши Лејкерси, Лилард им пресуди на шампионите

Богдан Богдановиќ од Сакраменто со тројка во последната секунда им пресуди на ЛА Лејкерс, а речиси по исто сценарио Демијан Лилард од Портланд ги реши актуелните шампиони Голден стејт Вориорс.

Вориорс не играат добро оваа сезона, веќе имаат 13 порази, а изминатата ноќ го забележаа вториот неуспех во изминатите три дена на домашен терен.

Кошаркарите на Портланд во последниот период имаа предност од 10 поени, но мечот во продолжение го однесе Кевин Дурент. Популарниот КД постигна тројка со која го израмни резултатот на 20 секунди до крајот на регуларното време.

Во дополнителните пет минути, на Вориорс им пресуди најдобриот играч на Портланд, Демијан Лилард кој постигна тројка на три секунди до крајот на мечот.

Лилард мечот го заврши со 21 поен и пет асистенции, неговиот партнер од надворешната линија Си-Џек Мекалум постигна 24 поени, а најефикасен беше Босанецот Јусуф Нуркиќ со 27 поени и 12 скока.

Сакраменто Кингс во драматичен меч ги победија Лејкерси 117:116. Богдан Богдановиќ постигна тројка на 0,8 секунди до крајот на мечот со која стави точка на натпреварот. Лејкерси без Леброн Џејмс, Режон Рондо и Џавал Мекги на половина од последната четвртина имаа голема предност од 15 поени, која не ја сочуваа.

Српскиот бек 12 од 23.поени постигна во последните пет минути од натпреварот. Покрај Богдановиќ кај Кингс уште се истакнаа и Вили Коли-Стајн (19 поени, 8 скока, 5 асистенции), односно Имам Шамперт и Немања Бјелица кои постигнаа по 18 поени.

Лејкерси ги предводеа Кајл Кузма (33 поени, 9 скока, 4 асистенции), Брендон Инграм (22 поени) и Лонзо Бол (20 поени, 12 асистенции).

Треба да знаете
Последни објави