Search

Србинка ограбена во викендичка во Маврово

На 28.06.2020 во 21.15 часот полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Р.(37) и Х.Р.(31), од гостиварското село Врапчиште, поради основи на сомнение дека околу 20.30 часот во викенд куќа во Маврово извршиле кражба над 26-годишната српска државјанка М.А.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на М.А.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави