Search

Србинка на велосипед прегазена кај „Сити Мол“, возачот избегал

На 20.03.2019 во 17.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека Р.С.(59) од Зајечар, Република Србија, со привремен престој во Скопје, истиот ден околу 11.30 часот на улица Љубљанска, додека со велосипед поминувала на коловоз, била удрена од непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави