Search

Срам да ви е! Марија Шерифовиќ демантираше дека е во врска со Џејла

Откако некои медиуми во регионот напишаа дека пејачките Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ биле во љубовна врска, Шерифовиќ се огласи на Инстаграм.

“Не планирав да ги коментирам сите овие написи што ги преплавија медиумите последните 5-6 дена. Но, бидејќи гледам дека сега почнаа да се вклучуваат измислените изјави на нашите семејства, морав да реагирам”, објавила Марија.

“Никогаш не беше тајна дека по натпреварот се разви големо пријателство помеѓу нашите семејства, кое нема да заврши заради ничии лоши или луди идеи или изјави. Значи, сè што ќе прочитате е една голема лага. Има нешто што многу ме изнервира, не е фер да му се ставаат зборови во уста на татко ми, човек кој моментално е во болница и чека операција. Затоа, срам да ви е за тоа, здраво на сите“, порача таа.

 

Треба да знаете
Последни објави