Search

Срамен потег на богатата Ким, профитерство во време на глобална пандемија

Ким Кардашијан на социјалните мрежи го сподели својот план за донирање пари, како помош на фондот кој го основаше Baby2Baby, непрофитна организација, која ги осигура потребните работи за сиромашните деца кои живеат на подрачјето на Лос Анџелес.

Во објавата на Инстаграм, Ким ги повика обожавателите да купуваат производи од нејзината марка Skims, а таа ќе донира 20% од профитот на споменатата организација за деца.

Луѓето започнаа да го изразуваат своето незадоволство, прашувајќи ја зошто таа не може да донира пари од нејзиното богатство, кое е проценето на 350 милиони долари.

https://www.instagram.com/p/B-FQJspg_de/?utm_source=ig_web_copy_link

Луѓето остро реагираа на оваа објава на Ким. Едни се изјаснија дека е тотално погрешно тоа што го прави, други бесно реагираа доведувајќи ги во прашање нејзините намери и прашувајќи се зошто само 20%, кога може да донира и 100% од тој профит, наместо да се обидува да профитира од пандемијата.

Не глуми дека си многу фина, и порачаа на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави